Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удри во автомобил со скопски регистарски ознаки.
Како што информираат од МВР, со автомобилот управувала 30-годишната И.Б.од селотоМилино, која се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.