На 14 декември 2019 во 02:20 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка „Стајковци” се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило„опел корса” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(34) од с.Долно Палчиште, тетовско, изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра. Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока и во тој момент патничко моторно возило„мерцедес МЛ320″ со гостиварски регистарски ознаки управувано од П.Т.(49) од с.Врапчиште,гостиварско и патничко моторно возило„фолксваген поло” со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Ј.(48) од Скопје удриле во металната канделабра. По незгодата, М.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.