Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска негираше дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет”.
– Службени контакти, два или три кои биле, се однесуваа на одредени пријави кои ги имаше тој и новинари во телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности, подвлече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со сведочењето на Ана Камчева дека тој бил редовно во контакт со Јовановски.