На 14 декември 2019 околу 1:45 на магистралниот пат Радовиш-Штип во близина на Бучимска кривина патничко моторно возило„ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(31) од Скопје, излетало од патот. По незгодата Г.П. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.