Играчот од средниот ред на Монако, Сеск Фабрегас е убеден дека неговиот поранешен соиграч на „Ноу Камп”, Лионел Меси, може да игра најмалку до 40 години.
– Меси е брутален фудбалер. Ова значи дека доколку е задоволен од неговиот настап, тој ќе продолжи да игра. И со оглед на неговите расположливи вештини, тој лесно може да игра до 40-годишна возраст. Многу добро се сеќавам на денот кога Меси дојде во „Ла Масија”. Тој не зборуваше многу, но дури и тогаш играше како што тоа го прави денес – никој не можеше да го спречи, додаде Фабрегас.
Како што знаете, двајцата се блиски пријатели, а освен тоа, нивните сопруги редовно се „уловувани” заедно од папараците.