Турција би можела да ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите на САД за воведување санкции за Анкара и неодамна донесената резолуција на американскиот Сенат, прогласувајќи го ерменскиот масакр пред еден век како геноцид, рече денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Треба да преземеме таков чекор … Доколку е потребно, заедно со нашите делегации, ќе ја затвориме базата Инџирлик“, рече Ердоган.
Тој додаде дека Турција може исто така да ја затвори и рударската база Куреџик, доколку е потребно“, пренесе Ројтерс.
„Ако ни се закануваат со примената на тие санкции, секако дека ќе одговориме“, рече турскиот претседател.
На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава за геноцид масакрот врз Ерменците извршен од страна на отоманските Турци пред еден век.
Резолуцијата претходно беше блокирана трипати на барање на Белата куќа, но едногласно беше усвоена во четвртокот.
Ердоган рече дека Турција може да одговори на таа одлука на американскиот Сенат со усвојување парламентарни резолуции во кои се прогласува масакрот на американските Индијанци во изминатите векови за геноцид, пренесе Ројтерс.