Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков е еден од првотомците на унгарскиот Веспрем со кој унгарскиот клуб потпиша нови договори за продолжување на соработката. Манасков кој игра третата сезона во Веспрем, одлучи да прифати продолжување на престојот во овој тим до јуни 2022 година.
Како што официјално објавуваат од унгарскиот ракометен клуб, покрај Манасков договорите се продолжени и со Гаспер Маргуч и Петар Ненадиќ.
Покрај староседелците, ново име во Веспрем ќе биде голманот Родриго Коралес, шпанскиот репрезентативец и досегашен член на ПСЖ со кого потпишале четиригодишен договор.