Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000
Декември е време кога работниците ширум светот се радуваат на своите божикни бонуси, меѓутоа основачот и директор на градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон го покрена повисоко скалилото за сите шефови ширум светот.
Имено, тој организираше божикна забава за своите 198 вработени, каде објави дека ќе им подели на своите работници неверојатни 10 милиони долари.
Работниците кои долго работат за фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари. Меѓутоа, тоа не е се што добија овие работници. Тие покрај бонусот, добија и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година.
Како и што се очекувало, работниците воодушевени плачеа кога ги добија црвените пликови во кои се наоѓаше нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.
„За да ја прославиме прославата на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите работници на таков начин што ќе има значително влијание врз нивните животи. Благодарен сум му на секој од нашите работници, на нивната работа и не можев ниту да замислам подобар начин тоа да го покажам, изјави директорот на компанијата“, пишува Метро.