По принципот “држете го крадецот” оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол? Најдлабоко ви се извинувам. Што, најпосле воспоставивме фер и праведен принцип за селектирање на учесници во нашите мисии, притоа почитувајќи ги процедурите.
ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.
Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања. Бидете доследни барем сега кога ги поправаме вашите бесмислени и коруптивни политики.