Британската кралица в четврток во парламентот ќе зборува за законите што треба да се донесат следната година

Британската кралица Елизабета Втора в четврток на премиерот Борис Џонсон ќе му го предочи новиот деневен ред на Законодавниот дом во кој, покрај другото, ќе бара законот за Брегзит повторно да се најде пред парламентот најдоцна до Божик, соопштија од кабинетот на британскиот премиер.

Британските медиуми пренесуваат дека Елизабета Втора во четврток всушност ќе го оддржи својот тардиционален „говор на кралицата” пред парламентот.

„Говорот на кралицата” содржи список на сите закони што владата треба во текот на годината да ги предложи пред парламентот на усвојување, додаваат британските медиуми.

Елизабета Втора пред парламентот последниот „говор на кралицата” го одржа на 14 октомври, непосредно пред закажувањето на изборите заради парламентарната криза предизвикана од плановите на владата за излегувањето од ЕУ.

Нејзиниот говор во октомври опфати 22 нови закони.

Треба да знаете
Последни објави