Законот за Брегзит ќе биде во британскиот Парламент до Божик

Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да го врати договорот за Брегзит во парламентот пред Божик, изјави денеска заменикот-министер за финансии Риши Сунак, додавајќи дека владата потоа ќе го претстави и новиот буџет.

– Најважната работа во овој нов мандат е да се заврши Брегзит … Ние ќе ја напуштиме Европската унија за неколку недели, до крајот на јануари. Нашата намера е да го донесеме Предлог-законот за повлекување пред парламентот пред Божик, рече Санак за Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави