Илјадници Либанци повторно на протести пред парламентот

Илјадници демонстранти се собраа денеска повторно да протестираат пред либанскиот парламент во Бејрут, неколку часа откако безбедносните сили ги растераа со употреба на солзавец и гумени куршуми, пришто десетици лица беа повредени.

„Протестите вечерва ескалираа во судири, а напаѓачите ги запалија просториите на двете водечки политички партии“, објави либанската новинска агенција.

Во судирите се повредени повеќе од 130 луѓе, но ниту еден не се здобил со сериозни повреди, соопштија од Црвениот крст и либанската граѓанска одбрана.

„Нема да заминеме, уапсете ги сите демонстранти“, извикуваа демонстрантите, од кои многумина носеа либански знамиња, пренесува АП.

Другите носеа транспаренти со кои укажуваат дека солзавецот нема да ги избрка, со натпис „Сега плачеме“.

Либанскиот парламент го избира премиерот утре, а демонстрантите бараат да не е припадник на политичка партија.

Демонстрантите бараат нова независна влада и велат дека нема да прифатат враќање на поранешниот премиер Харири, кој неодамна поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави