Натпреварот од 17. коло од англиската Премиер лига меѓу Арсенал и Манчестер Сити нема да биде прикажан во Кина, пренесува кинескиот национален весник „Глобал тајмс”.
Според весникот, изјавата на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Езил ги разочара навивачите и фудбалските власти.
Претходно, Германецот со турско потекло, ја критикуваше Кина на Твитер, која е обвинета за угнетување на Ујгурите – домородното население на Источен Туркестан кое е со исламска вероисповед. Езил исто така ги критикуваше муслиманите кои молчат за овој проблем.