Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо на денешниот натпревар со Удинези во 16. коло од италијанскиот шампионат постигна два гола со што стана единствениот играч од најдобрите пет лиги во Европа кој постигна 10 или повеќе голови на сите турнири во секоја од последните 15 сезони.
Јувентус со 39 бода се наоѓа на првата позиција во пласман на Серија А.
Оваа сезона Роналдо одигра 19 натпревари за Јувентус, постигна 11 гола и забележа една асистенција.
Португалецот постигна пет гола на последните четири средби.