Откако шведската климатска активистка, Грета Тунберг објави фотографија на која седи на подот во наводно преполн воз со кој си оди дома, се огласија од германските железници соопштувајќи дека таа имала седиште во првата класа.
По повеќемечното патување низ светот и борбата против климатските промени, Тунберг си замина дома со воз бидејќи не патува со авиони поради згадувањето што го предизвикуваат.
Тунберг на „Твитер“ напиша дека возот бил преполн, но среќна е што патува дома.
Traveling on overcrowded trains through Germany. And I’m finally on my way home! pic.twitter.com/ssfLCPsR8o
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) December 14, 2019
Набрзо по фотографијата, следеше одговор од германските железници кои тврдат дека таа не седела на подот, туку патувала во првата класа.
Најпрво во еден Твит и заблагодарија бидејќи ја поддржува работата на железниците во борбата против климатските промени.
„Драго ни е што беше со нас во возот ICE 74 оваа сабота. И тоа со 100 процентно еколошка електрична енергија“, напишаа тие.
Но потоа додадоа:
„Ќе беше уште поубаво ако известеше колку е способен и љубезен нашиот тим кој се грижеше за тебе и твоето седиште во првата класа“.
Грета на ова врати дека патувала со два воза и додаде дека преполните возови се добар знак дека желбата да се патува со воз е голема.