Во овие две и пол години власт на централно и локално ниво имавме многу успеси. Имавме и грешки и слабости. Но, научивме лекции, тоа е нашето трето правило, порача од големата граѓанска трибина претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
-Нула толеранција за неодговорност! Нула толеранција за корупција! Нула толеранција за конфликт на интерес! Кој сака нека биде! Но, нашите научени лекции нема да се сведат само на пароли. После победата на изборите, грешките од минатото заедно ќе ги анализираме и заедно ќе донесеме заклучоци за научените лекции. А дотогаш, сите да се посветиме на успесите и на нашата заложба да не се врати режим во нашата земја, рече претседателот Заев.
Бидете лидери што ги обединуваат луѓето, зборувајте им на неодлучните. Зборувајте им на одлучните. Слушајте ги сите, а не само оние што се најгласни. Бидете лидер што испорачува. Toa ни е обврска за да ја изградиме Северна Македонија за да ја биде засекогаш. Да не отстапи пред ништо. И ќе ја изградиме да биде засекогаш: Земја достојна на нејзините граѓани! Земја достоен партнер за сите нејзини сојузници! Земја на слободата и на демократијата!, рече претседателот на СДСМ на крајот од своето обраќање.