Уште еден голем успех на младиот Македонец Кристијан Воденски, кој освои златен медал во бразилско џиу-џицу на турнирот во Ашхафенбург, Германија. Воденски по потекло од беровско Русиново, во двете борби успеа да забележи победи против посилни противници што според него го прави успехот уште позначаен.
- Во една од борбите совладав доста посилен противник од мене кој нервозен поради поразот направи неспортски потег, со тоа што ја ја напушти борбата. За мен беше позначајна беше првата борба во која по втор пат го совладав Велјко Фритц, изјави Воденски.
Младиот натпреварувач во Ашхафенбург настапи за својот тим „Пирана ММА” во натпреварување кое е класифицирано како Детска лига во категоријата У-16 за натпреварувачи до 48,3 килограми.
И на овој натпревар како и секогаш досега, како што додава Кристијан, најголема поддршка му е неговиот татко Ванчо Воденски, кој потекнува од беровско Русиново и кој долги години беше негов личен тренер.
Македонскиот вундеркинд кој има најмногу медали во овој спорт е голема звезда во својот роден Офенбах, чест гостин е на германските национални ТВ куќи, меѓу кои најбројни гостувања има на германската РТЛ.