Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, искажа задоволство од играта на неговиот итм на денешниот натпревар против Удинезе (3:1). Тој го потенцира напаѓачкиот ред на тимот.
– За прв пат по Лигата на шампионите, успеавме да покажеме навистина напаѓачки натпревар. За 60 минути дејствувавме на високо ниво, а нашето напаѓачко трио е во одлична форма. Нашите напаѓачи исто така напорно работеа во одбраната и ги притиснавме првите 60 минути. Во нападот тие направија сè што јас побарав од нив. Тие брзо ги менуваа позициите и имаа солидна ефикасност, рече Сари.
Јувентус е прв на табелата во Серија А со 39 бода, два повеќе од Интер кој вечерва го игра својот дуел од 16. коло.