Секој член на СДСМ да почитува и промовира три принципи, да ги охрабриме граѓаните да изберат напредок

Претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје истакна дека на следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување.

Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок. Затоа што само тој избор е победнички, порача Заев.
Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме. Затоа нема скршнување од патот на победата, истакна претседателот обраќајќи се првенствено кон членовите и симпатизерите на СДСМ.
Другарки и другари, победата бара посветеност и дисциплина.  Од секој од нас зависи, секој од нас може и умее!Ќе победиме! Затоа, ајде да се договориме! Да се договориме дека секој член на СДСМ, секој од нас, до изборите, ќе почитува и ќе промовира меѓу своите другарки и другари во партијата, три принципи, три столбови и три правила,  за сигурна победа на СДСМ, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.
Прво правило, да зборуваме за успесите во економијата, економијата за нас е на прво место, затоа што имаме многу испорачано во изминатите 2,5 години, затоа што за 2.5 години направивме многу повеќе отколку претходните 11 години, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Линк до видео (youtube): https://youtu.be/s3EaZ_pEucM

Треба да знаете
Последни објави