Шкотската премиерка Никола Старџен го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон дека не може да ја задржи Шкотска во Обединетото кралство против волјата на земјата, пренесоа британските медиуми.
Џонсон и неговата влада повеќепати кажуваа дека нема да дозволат втор референдум за независност на Шкотска, но откако Шкотската национална партија освои 48 од 59-те места за Шкотска во парламентот на Обединетото кралство, Старџен изјави дека нејзината партија доби мандат за нов референдум.
-Ако тој си мисли…, дека со тоа што кажа „не” е крајот на дискусијата, тогаш тој греши, рече Старџен во емисијата на Ендрју Мар на Би-Би-Си.
„Не можете да ја држите Шкотска против нејзината волја…Доколку Обединетото кралство продолжи да постои тоа може да биде само со согласност. И доколку Борис Џонсон е уверен во однос на обединувањето тогаш тој треба да биде доволно уверен за да го направи тоа и да им дозволи на луѓето да одлучат”.