НСДП денес во Скопје на свечен начин одбележа 14 години од своето формирање. На роденденската прослава присуствуваа претставници од сите општински организации на партијата, на која свое обраќање имаше претседателот Тито Петковски.
„Со јасна идеја и политичка програма пред 14 година НСДП исчекори на политичка сцена во Северна Македонија, со нов политички квалитет втемелен во вредностите на модерната европска социјалдемократија успеавме да изградиме политичка виталност и цврстина сите овие години да ја одржиме и развиваме нашата препознатливост во партискиот плурализам на државата. Негувањето на внатрепартиската демократија и внесувањето на морални начела во партиското делување создаде атмосфера на меѓусебна доверба и одговорност, на меѓусебно почитување и разбирање, што низ сите овие години резултираше во еден силен партиски колектив кој знаеше да ги согледа предизвиците со кои се соочува државата и да понуди идеи и одговори на истите“, рече претседателот на партијата Тито Петковски пред присутните членови, нагласувајќи дека стекнатото политичко искуство и изградената јасната идеолошка позициононираност ветува силен потенцијал и за понатамошно засилено делување во политичкиот простор.
Зборувајќи за програмските подготовки за претстојните парламентарни избори, Петковски истакна дека и во овој изборен циклус партијата е отворена да го слушен гласот на граѓаните, нивните идеи и предлзои за тоа како гледаат и размислуваат за насоката во која треба да се развива државата.
„Начелото на еднаквоста мора да биде запазено во креирањето и водењето на економските политики. Економскиот раст и развој на државата треба да биде во чекор и со развојот на човечкиот капитал. Зајакнувањето на образовните, културните и научните темели на општеството станува имератив, само на тој начин можеме да акумулираме и ослободиме креативен човечки капитал. Вистинско време е овие општествени сфери да го добијат својот приоритет во партиските и владините програми“, истакна Петковски и дополни дека само на тој начин може да се обезбедат долгорочни развојни перспективи пред државата, притоа проследени и со радикална трансформација во делот на работните односи, што помеѓу другото треба да доведе ид о надминување на конфликтот помеѓу трудот и капиталот.
Оценувајќи ја и енергетиката како една од сферите која треба да добие приоритет во изборната програма на партијата, Петковски истакна дека е потребно засилување на институционалната и буџетската поддршка за напуштање на употребата на фосилните горива и се поголема искористеност на енергијата од ветрот и сонцето во Северна Македонија.
„Разгорувањето на националистичката реторика, предизвикано со последните случува околу Законот за употреба на јазиците и ставот на Бугарската академија на науките околу постоењето на македонскиот јазик, се закнува да ја контаминира предизборната политичка сцена со теми кои се далку од западно-европските демократски дострели и вредности. Овој изнасилен предизборен политички контекст, кој нема никакви основи во реалните потреби и приоритети на граѓаните, бара од сите политички партии да покажат сплотеност и одговорност, политичка мудрост и созреаност. Во пресрет на правењето на финалниот чекор за полноправно членство во НАТо и ЕУ ќе биде преголем историски луксуз да дозволиме нашето мултиетничко, мултикултурни и мултирелигиозно општество, да биде предизборен политички ресурс на ретроградни центри на моќ“, рече Петковски.
Осврнувајќи се на политичките и економските придобивки од полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, Петковски стави фокус и на културните перспективи кои се отвораат со реализацијата на овие стратешки цели.
„Со Преспанскиот договор и одблокирањето на евро-атланските интеграциски процеси добиваме историска шанса да се претставиме пред светот, да ја покажаме своја културна различност, своја мултиетничност, но и својот македонски идентитет, кој со овој договор го потврдивме. Со малку поголема сплотеност, со јасна идеја и визија, овој договор треба да го прифатиме и како историска можност за македонска промоција во светот како народ, како култура, како традиција. Да не дозволиме и оваа историска шанса, како многу други назад низ историјата, да замине пред нас без да ја забележиме и искористиме за културна афирмација“, порача Петковски пред своите сопартијци.
На одбележувањето на роденденот на партијата беа доделени и 14 плакети на нејзини членови, како признание за нивниот личен допринос во формирањето, развојот и градењето на партијата и нејзината препознатливост.