ВМРО-ДПМНЕ бадијала се обидува да им продава магла на граѓаните.
Вистинската адреса за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за оваа тема е белиот дворец, од каде потекнуваат сите причини за долгогодишнот проблем со аерозагадувањето.
Додека безидејното ВМРО ДПМНЕ зборува за магла граѓаните знаат:
11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што не го решаваше туку и дополнително го поттикнуваше аерозагадувањето преку неодговорни и криминални проекти, дополнети со сечење на дрвата и уништување на зеленилото.
Денес, борбата против загадувањето е суштинска и темелна. Предизвици се уште постојат, но сите институции се целосно посветени на решавање на овој горлив проблем кој се таложеше со години.
Преку системски, одговорни политики на краток, среден и долг рок се решаваат изворите на загадување.
Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација.
Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ донесена денеска, да издвои 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење на јавни објекти во Куманово.
Наскоро пристигнуваат 33 еко автобуси за јавниот превоз во Скопје, со што ќе се замени дел од стариот и нееколошки возен парк во јавниот превоз.
10 милиони евра се обезбедени за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање.
За секој проблем постојат решенија и тие се реализираат. Но сепак, за безидејноста во ВМРО-ДПМНЕ за жал, не постои решение.