– Џеф Ван Дру, демократски конгресмен од Њу Џерси и еден од двајцата демократите во Конгресот, кои се сомневаат во исправноста на одлуката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, преминува во Републиканската партија.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бидејќи неговата одлука да гласа против досега остана непроменета, а гласањето за импичмент е закажана за в среда, Ван Дру го напуштиле сите помошници во неговиот кабинет, освен реководителот на персоналот.
– За жал, одлуката на конгресменот Дру да се придружи во редовите на Републиканската партија водена од Доналд Трамп не е во согласност со вредностите, што не водеа кога се вработивме во неговиот кабинет, наведоа помошниците во писмо објавено денеска од „Њујорк тајмс”.
Откако Ван Дру, умерен демократ чиј конгресен мандат му е прв, изјави дека е против импичмент на Трамп, шансите за негов реизбор идната година на изборите во Њу Џерси станаа многу мали. Со одлуката да премине во Републиканската партија, тој се надева на поддршка од републиканците за негов повторен реизбор, бидејќи во овие услови нема да ги помине внатрешните партиски избори на демократите.
Неговата одлука ја осудија од двете партии.
Републикански кандидат за член на Претставничкиот дом го нараче „орудие во кое не треба да се има доверба”, демократски претставник кој се подготува за конгресните избрите го нарече „предавник”, додека гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, изјави дека тој нема храброст да го одбрани Уставот.
Во неодамнешна изјава за телевизијата „Фокс њуз”, Ван Дру посочи дека Трамп најверојатно ќе го преживаа отповикувањето, бидејќи Сенатот е контролиран од републиканците, и дека американските гласачи а не Конгресот треба да одлучат за судбината на Трамп.
За многумина во САД, неделава ќе биде историска кога третпат во американската историја ќе биде отповикан еден претседател. Претходноите двајца претседатели отповикани од функцијата се Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година.