Лајчак: Климатските промени најголем предизвик за младите генерации

Климатските промени се едни од најголемите предизвици со кои ќе се соочат сегашните млади генерации, изјави словачкиот министер за надворешни работи и европски прашања Мирослав Лајчак за време на синоќешната средба со 160 студенти од 150 држави.

Тој ги повика младите да вршат притисок врз политичарите за да им дадат до знаење дека имаат позитивен став за ова прашање, кое е од суштинско значење за нивната иднина, пренесува словачката агенција ТАСР.

Улогата на младите и ефектот на мултитерализмот беше значаен на агендата за дискусии. Лајчак го потенцираше фактот дека ситуацијата на меѓународната сцена преминува од мултитерализам кон мултиполарност. Додека мултитерализмот означува волја на согласување и барање на идеолошки преклопувања, мултиполарноста води кон потврдување на сопствените мислења и интереси под притисок и сила. Затоа, е важно претставниците на одделни земји да дискутираат и да бараат решенија, посочи Лајчак.

Треба да знаете
Последни објави