Најочекуваните филмови за 2020 година

Светската база за филмски податоци ИМДБ објави список од најочекувани 10 филмови за наредната 2020 година. Топ листата, се чини, е во знакот на спин-оф продолженијата.

10. „Брзи и бесни 9″ (Fast & Furious 9) ќе покаже дали и како „расколот” во актерската екипа ќе влијае на квалитетот на, всушност – 10-иот филм од серијалот.

9. „The King’s Man” – приказната во третиот филм од серијалот „Kingsмan” е сместена еден век во минатото. И, овојпат, наместо Колин Фирт, во главната улога е Ралф Фајнс.

8. „Дина” (Dune) – преработка на класичната фантастика од 1984 година, а заснована на романот на Френк Херберт од 1965 година.

7. „Жената-чудо 1984″ – претпродолжение на хитот од лани.

6. „Мјулан” – филмска преработка на цртаниот филм од 90-тите.

5. „Црната вдовица” (Black Widow) – спин-оф продолжение на хит-серијалот „Одмаздници”, чиешто последно продолжение стигна до милијарда долари.

4. „No Time to Die” – 25-тиот „Џејмс Бонд” филм.

3. „Топ Ган: Маверик” – вториот дел од хит-филмот со Том Круз во главната улога од пред 34 години.

2. „Ежето Соник” (Sonic the hedgehog) – уште една филмувана верзија на познат цртан лик.

1. „Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn” – уште еден суперхеројски филм. Ликот на Маргот Роби – Харли Квинзел од „Одредот на отпишаните”, е водечки во новиот филм.

Треба да знаете
Последни објави