„Амнести интернешнл“: Во протестите во Иран загинале 304 лица

Меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ објави дека најмалку 304 лица загинале во минатомесечните антивладини протести во Иран, што е значително повеќе од бројката која претходно ја наведоа од оваа организација.

Протестите, кои во ноември траеа четири дена во неколку градови, беа поттикнати од наглото зголемување на цената на бензинот, објави АП.

За време на насилството и во деновите потоа, иранските власти го блокираа пристапот до интернет.

„Амнести интернешнл“ соопшти дека иранските безбедносни сили отвориле оган кон невооружени демонстранти.

Иранските власти оттогаш уапсиле илјадници демонстранти, како и новинари, активисти за човекови права и студенти, за да ги спречат да зборуваат за протестите, соопшти Организацијата за човекови права, со седиште во Лондон.

 

Треба да знаете
Последни објави