Баерн сака да му се одмазди на Челзи за загубеното финале на пенали во Минхен

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен не е убедлив во Бундеслигата каде по 15. кола е дури петтопласиран, но затоа пак во групната фаза од Лигата на шампионите беше единствен со со максимален ефект од шест победи. Германците во нокаут-фазта ќе се соочат со англискиот Челси кој им е должник од 2012  кога во финалето во Минхен пред нивните гледачи останаа со празни раце, бидејќи пехарот  со „големите уши“ со подобро изведување на пеналите им го однесе Челзи. Горчината од овој последен меѓусебен меч сеуште ја чувствуваат во Баерн, па сега посакуваат одмазда.

-Ја гледавме ждрепката тимски и се радуваме на предизвикот што го добивме Челзи. Имаме убави спомени од Лондон, но знаеме што се случи во 2012 година во Минхен. Челзи е опасен тим и мора сериозно да му пристапиме. Мора максимално мотивирани да влеземе во мечевите, но целта е јасна – ние да одиме понатаму, вели Мануел Ноер, искусниот чувар на мрежата на Баерн.

Треба да знаете
Последни објави