(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој од името на опозициската партија побара Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата.

„Се поинаку од итна интервенција, е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија“, рече Стоилковски.

Портпаролот на опозициската партија додаде дека мерните станици не работат, односно работи само една, а во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.

„Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици. Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица“, рече Стоилковски.

 

Треба да знаете
Последни објави