ВИДЕО: „Никогаш Северна, само Македонија“ извикуваа граѓаните додека владата држеше седница во Куманово

Додека Владата ја одржуваше 171-та седница во Занаетчискиот дом во Куманово, надвор пред објектот протестираа членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, објави „Фактор“.

Сметаат дека власта не посветила внимание на Куманово.

Тие извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“, алудирајќи на промената на името на државата кое го направи оваа власт. Во Куманово и околината денеска во посета беа министрите, при што презентираа владини мерки, проекти, а целта беше да го слушнат и гласот на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави