(Видео) Спектакуларната завршница на трибината „На прав пат” во Скопје со патриотска песна

Спектакуларната завршница на трибината  „На прав пат” во Скопје со патриотска песна

Последната трибина од серијата „На прав пат” се одржи вчера во Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, говорници на настанот беа премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Станува збор за  граѓански мултимедијален настан, со диџеј, со над илјада млади луѓе, со многу традиционални елементи, но и патриотизам.

СДСМ, како што брифираат од партијата во изминатиот период ја заокружил изработката на изборната програма, над 160 сектори работеле секојдневно изминатиот месец и половина врз база на сите истражувања.

Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември, од понеделник партијата најави 11 нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата – технологијата и технолошка држава, дигитална економија, зелениот развој, млади, спорт, прогресивна земја, рурален туризам и европски фондови, инсфрастуктура, здравство, образование и правда. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Овој месец завршува и кампањата „Врата до врата” и до овој момент над 6000 партиски активисти посетиле околу 70 илјади семејства.

Правда е едно од најгорливите прашања кои посетените граѓани го посочиле како нешто кое најмногу ги мачи, а потоа следуваат инфраструктурата, комунални прашања, повисоки плати.

Партијата утврдила централен изборен штаб, формирани се 25 сектори, а на 15 јануари ќе ја промовираат коалицијата, која ќе биде дополнета со неколку помали политички партии.

Техничкиот премиер ќе се знае пред крајот на годината, кога ќе заседаваат Извршниот одбор и Централниот одбор на партијата.

Од партијата најавуваат дека следната недела во собраниска процедура ќе влезе законот за јавно обвинителство, се надеваат дека ќе се усвои со цел да имаме уште една позитивна забелешка во извештајот на Европската комисија.

-Силно ќе се фокусираме и оваа работа да биде затворена и да биде внесена во извештајот на ЕК, премиерот ги прави сите напори тоа да биде заокружено, брифираат од СДСМ, но додаваат дека договор со ВМРО-ДПМНЕ се уште не е постигнат.

Во постапка во Собранието се измените во делот на едната изборна единица, а СДСМ, како што велат од партијата цврсто ќе стои на ставот заедно со помалите коалициски партнери дека на овие избори треба да ја реализираат нивната изборна обврска, која е дел од нивната изборна програма.

-Ништо не е спорно оваа измена да биде направена и изборите на 12 април да се одржат со една изборна единица, велат од партијата.

Нагласуваат дека во измените ќе се земат предвид и препораките на ОБСЕ-ОДИХР и додаваат дека веруваат дека ДУИ нема да имаат ништо против поголема демократизација на општеството.

 

Треба да знаете
Последни објави