Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Петре Шилегов.
„Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето. Шилегов е две ипол години градоначалник, а нема ниту еден проект за намалување на загадувањето, напротив тоа расте.
Со Шилегов на чело, Скопје стана најзагаден град во светот. Две ипол години поминаа од мандатот на Шилегов, а скопјани не видеа ниту еден негов проект од областа на животната средина.
Единствена работа која ја направија е вадење на јавната администрација во сабота, да чисти и да врши работа која треба да ја вршат комуналните претпријатија секојдневно.
СДСМ дојде на власт со ветувањето дека ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот, цел мандат им помина, а ништо не направија. Предоцна е веќе за делување. СДСМ си заминува, а вистинските мерки и проекти следуваат по 12 април, со ВМРО-ДПМНЕ.“