Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр.
Од обвинителството не коментираат дами осомничените планирале напад за време на божикниот период, повикувајќи се на „тактички причини во истрагата“, пишува Виена.ат.
Според информациите од локалните медиуми, се работи за двајца Чеченци, на кои во четвртокот им бил одреден притвор.
Адвокатот на еден од осомничените рекол дека тие се товарат за планирање напади со експлозивни направи меѓу Божиќ и Нова Година. Тој додал дека неговиот клиент ги отфрла обвиненијата.