Девојка ограбила старец од Свети Николе, му рекла дека ѝ е ладно, па ја пуштил да влезе

На 15.12.2019 во 16.15 часот полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ја лишиле од слобода А.П.(19) од с.Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“. Таа, на 15.12.2019 во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли.

М.Ј. ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата.

Парите му биле вратени на сопственикот, а против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави