– Десет московски училишта денеска се евакуирани додека се вршат испитувања дали има вистина во заканите за поставени бомби, соопштија од руската Служба за вонредни ситуации.
-Информации за закани со бомба примиле уште пет московски училишта, така што во моментов се проверуваат десетина училишта, изјави извор од службата за Тасс.
Во текот на денот итните служби прегледале десет други училишта во главниот град, а сите закани се покажале како лажни.
Заканите за поставени бомби пристигнале и на адресите на десетина московски судови, една детска болница, и во сите четири мосовски аеродроми, како и на железничките метро станици Кијевски, Ленингардски, Курски, Белоруски и Павелетски.
Ова е продолжување на бранот закани, за кои досега ќе се покажа дека се лажни, а заради кои во изминатите две недели беа прегледани приближно 3.000 згради, а евакуирани беа околу 300.000 лица.