Изложба на делата од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“

Изложбата на делата од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“ ќе биде отворена вечерва од 19 часот во НЛБ Галерија во Скопје. Љубителите на ликовната уметност ќе можат да ги погледаат годинашните остварувања на авторите кои во јуни учествувата на  Колонијата во Вевчани, до 7 јанаури.

На Колонијата која ја компанијата „ВИА“ годинава учествуваа 35 уметници од земјава, Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Полска, Франција и од Грција.

На отворањето на изложбата ќе биде промовиран каталог (на македонски и англиски јазик) насловен како „Шепотот на меридијаните” во кој ќе бидат прикажани делата создадени годинава на „Вевчански видувања“ заедно со информации за уметниците.

На оваа манфестација досега учествувале повеќе од 300 ликовни уметници од државава и од странство, а создадените дела досега биле изложувани во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и Париз.

Треба да знаете
Последни објави