Кејт Мидлтон откри кои се првите зборови на принцот Луис

Кејт Мидлтон откри дека принцот Луис ги кажал своите први зборови на почетокот од овој месец.

„Еден од неговите први зборови беше Мери затоа што нашата кујна е полна со книги за готвење од Мери Бери. Книгите се на полицата која е на ниво на неговата висина“, изјави Кејт во божикниот специјал на кралското семејство за „Би-би-си“, во кој учествувала и споменатата британска готвачка и слаткарка.

Таа додаде дека нејзиниот 19-месечен син е толку навикнат на нејзиниот лик што сигурно ќе ја препознае кога ќе ја види во живо.

„Децата се фасцинирани од лицата, а твоето лице е во сите готвачи. Тој би рекол: ‘Ова е Мери’, така што сигурно ќе те препознаеше да беше тука со нас денес“, рече Кејт.

Треба да знаете
Последни објави