Повеќе од 65 отсто од Венецуелците сакаат да го променат составот на Националното собрание, изјави во неделата венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесува ТАСС.
„Сите истражувања покажуваат дека повеќе од 65 отсто од Венецуелците сакаат да изберат ново Национално собрание“, рече Мадуро во говорот што се емитуваше на националната телевизија.
Тој истакна дека парламентарните избори во Венецуела може да се одржат на кој било ден во 2020 година.
„Изборите може да се одржат во понеделник, вторник, среда или четврток. Не мора да се в недела“, истакна Мадуро.
Според Уставот на Боливиската Република, парламентарните избори во Венецуела треба да се одржат во 2020 година.
Ситуацијата во Венецуела ескалираше откако лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател на 23 јануари. Врховниот суд претходно го поништи назначувањето на Гваидо за претседател на парламентот.