Рекордерот со освоени европски титули, шпанскиот Реал Мадрид, беше најнепосакуваниот ривал од вториот барабан при ждрепката за осминафиналните двојки во фудбалската Лига на шампионите. Ждрепката сакаше во првата елиминаторна рунда со „кралевите“ да се соочи актуелниот англиски првак Манчестер сити, предводен од шпанскиот стартег Пеп Гвардиола. Оваа пресметка по многу нешто фудбалските стучњаци ја сметаат за најинтересна.
Досега овие два ривали во Европа имаат две одмерувања на силите. Еднаш во групната фаза од сезоната 2012/13. Реал беше поуспешен на „Сантиаго Бернабе“ и победи со 3-2, а на „Етихад“ ремизираше 1-1. Второто соочување беше во полуфиналето од ЛШ пред четири години кога по 0-0 во Англија, Фернандо со автогол во Мадрид му овозможи на Реал да продолжи во финалето и да ја освои титулата. Во третата пресметка првиот натпревар овие две екипи ќе го играат во Мадрид на 26 февруари, а реваншот е во Манчестер на 17 март 2020 година.
Пред овие дуели се англискиот првак Манчестер сити на клупскиот Твитер профил да испрати порака дека е подготвен за новиот двомеч со „кралевите“. „Граѓаните“ предводени од Гвардиола ќе играат да стигнат што подалеку во Лигата на шампионите.