Мараја Кери ја заокружи божиќната турнеја со настап во Њујорк

Поминаа 25 години откако го издаде својот иконски албум Merry Christmas (Среќен Божиќ).

Во неделата навечер, Мараја Кери ја заврши својата “All I Want For Christmas Is You”  турнеја 2019 со последен настап во Медисон Сквер Гарден, Њујорк.

Таа заблеска на сцената во низа свечени сложени костими.

Овој месец, поп ѕвездата има имаше концерти во Атлантик Сити, Њу Џерси, Вашингтон, Ункасвил, Конектикат, Бостон, Масачусетс, пред големото финале во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден.

Ова се случува додека нејзиниот албум Merry Christmas, што го објави повторно за да ја одбележи неговата 25-годишнина, се движи кон врвот на топ-листите.

Големо финале: Во неделата навечер, Мараја Кери ја заврши својата турнеја “All I Want For Christmas Is You”  (Се што сакам за Божиќ си ти) во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден.

Треба да знаете
Последни објави