Најмалку секој трет половен автомобил во Франција и Германија е со штелувана километража

Штелување на километража на половните автомобили е голем бизнис, а многуми измамници заработуваат големи суми на пари во оваа дисциплина на мамење клиенти. Ова е причината зошто Францускиот автоклуб (ACA) и германскиот автоклуб (ADAC) започнаа голема кампања за борба против прилагодувањето на километражата. Автоклубовите решија да го кренат својот глас и да ја предупредат јавноста, но и надлежните, дека таквото однесување мора да биде санкционирано.

Според истражувањата, се проценува дека секој трет автомобил во Германија има штелувана километража, што е исклучително важно за купувачите од Балканот, кои германскиот пазар им е омилен на нашите потрошувачи.

Германците и Французите проценуваат дека  од 30 до 50 проценти од користените автомобили на нивните пазари се продаваат со прилагодена километража, а уредите со кои што можат да се прилагодат километрите се повеќе се достапни на интернет.

Треба да знаете
Последни објави