На 17 и 18 март ќе се расправа по жалбата на Ратко Младиќ на првостепената пресуда на судот во Хаг

На 17 и 18 март следната година ќе се оддржи усмената расправа по жалбите на одбраната и обвинителството на првостепените пресуди на генералот Ратко Младиќ пред Меѓународниот суд во Хаг, денеска соопшти судот во Хаг.

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, генерал Младиќ (76)  со одлука на Хашкиот трибунал на 22 ноември 2017 година беше осуден на казна доживотен затвор.

Трибуналот Младиќ го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница, прогонот на муслиманите и Хрватите ширум БиХ, тероризирање на населението на Сараево со долготрајното гранатирање и снајперски оган и земање на припадници на УНПРОФОР за заложници во периодот од 1992 до 1995 година.

Треба да знаете
Последни објави