Единствениот противкандидат на актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху на изборите за лидер на партијата Ликуд, Гидеон Саар стекнува се поголема поддршка од своите партиски колеги.
Како што е најавено, Саар денеска ќе започне кампања за лидерската позиција во партијата. Се очекува околу илјада активисти да присуствуваат на почетокот на неговата кампања.
Кандидатурата на Саар за нов лидер на Ликуд претставува прв посериозен внатрепартиски предизвик за Нетанјаху, кој се наоѓа на власт повеќе од десет години.
Членовите на Ликуд на 26 декември ќе избираат лидер. Додека противниците на Нетанјаху бараат тој да поднесе оставка поради обвиненијата за корупција, Саар постојано нагласува дека на партијата и е потребен нов лидер, бидејќи Нетанјаху не е во состојба да формира стабилна коалициска влада.
Најновите истражувања покажуваат дека Ликуд на чело со Саар ќе може да направи помоќен блок со природните ултраортодоксни и националистички сојузници.
Сепак, предизвикот на Саар за Нетанјаху би можел да биде и ризичен маневар во партијата, која многу почитува лојалност и која во својата над 70-годишна историја имала само четворица лидери.