Аргентинскиот фудбалер Езекиел Паласиос, е нов член на Баер Леверкузен, откако денеска потпиша петгодишен договор со овој бундеслигаш.
Паласиос кој има 21 година, игра во средниот ред, досега настапуваше за Ривер плејт, за него лани се интересираше и Реал Мадрид, а дресот на „фармацевтите” ќе го облече од 1 јануари 2020.
Паласиос за Ривер одигра 80 меча, лани ја освои Копа Либертадорес, додека за аргентинскиот сениорски национален тим има четири настапи. Баер е клуб во кој многу млади фудбалери се развиваа пред да станат врвни. Такви беа примерите со Балак, Карвахал, Видал, Крос. И Паласиос се надева дека ако се наметне со добри игри, оти во иднина би потпишал за некој од најголемите клубови во Европа.