Петгодишно момче доби вештачка рака и за првпат го прегрна својот брат

Петгодишниот Џејкоб бил предвреме роден  без лева рака и до неодамна никој не можел да му помогне. Неговите родители, Џема Тарнер и Крис Скримшо, собрале 16.000 фунти со цел да му овозможат на својот син функционална протеза.

Сепак, експертите верувале дека ваква протеза може да се направи само доколку пациентот има рака до под лактот. Затоа на Џејкоб никој не можел да му помогне, барем не досега.

Во овој поглед во пресрет им излегол Британецот Бен Рајан чиј син имал ампутација на раката на само десетгодишна возраст. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како професор по психологија и ја основал компанијата „Амбионикс“ со цел да развие специјална хидраулична протеза.

„Амбионикс“ неодамна се спои со полската фирма „Глејз“, која изработува протези, а Џејкоб бил еден од нивните први клиенти.

Желбата на семејството на Џејкоб била да се изработи совршена протеза – лактот да може да се нагоди на различни позиции, а раката да има механизам за фаќање.

Рајан успеал да ја изработи ваквата механизација, но она што е поважно за Џејкоб, е дека раката е голама и зелена, како на суперхерој.

„Тоа го сакаше Џејкоб, така што се испадна совршено“, вели Рајан.

Во четвртокот, тој му ја донел новата рака на Џејкоб. Истата совршено се вклопила и функционалноста ги надминала сите очекувања.

„Сега тој може да го гушне брат му и да го држи за рака“, објаснил Рајан.

Мајката на Џејкоб вели дека било прекрасно да се види нејзиниот син со рака. Таа додава дека момчето е навистина задоволно со новата протеза.

Објаснила дека детето не сакало протеза која не е функционална, а дека вештачката рака е зелена бидејќи тој сакал да биде поразлична од сите други.

Треба да знаете
Последни објави