– Во белгискиот град Бастоњ денеска се одржа церемонија по повод 75 годишнината од Арденската операција, една од најзначајните битки во Втората светска војна.
На чествувањето учество земаа кралот на Белгија Филип, претседателот на Гермаија, Франк Волтер Штајнмаер, министерот за одбрана на САД, Марк Еспер и неколку ветерани кои учествувале во Арденската битка.
-Веројатно ова е последен пат кога сме со ветераните од таа кампања, укажа Еспер, јави Гласот на Америка.
На 16 декември 1944 година стотици илјади германски војници ненадејно ја пробиле густата Арденска шума. Нивна цел била да го освојат пристаништето во Антверпен со цел да ги блокираат транспортните бродови на сојузниците.
И покрај бројната надмоќ на противниците, американската војска успеала да ги одбие германските напади додека не дошло засилување, по што пробивот на војската на Хитлер бил запрен и се создале услови за влез на сојузниците на територијата на Германија.
-Учеството на ова чествување на 75 години од настаните, кои поранешниот премиер на Велика Британија ги нараче „најголемата битка на американските сили во текот на цела војна”, за мене е огромна чест, изјави Еспер.
Операцијата треала неколку месеци, и бил еден од најкрвавите настани во текот на војната, кога загинале повеќе од 10 илјади американски војници. Германската армија исто така претрпела загуби од повеќе од 10.000 војници.