Три воени авиони прелетуваа над централна Словенија

Жителите на централна Словенија и околината на Љубљана, попладнево можеа да чујат и видат три воени авиони кои изведуваа вежби. Министерството за одбрана на Словенија утринава ги информираше жителите на овој дел од државата, дека два италијански воени авиони од типот “Еуро фајтер” ќе навлезат на словенечка територија, како дел од НАТО вежбите за заштита на заедничкиот воздушен простор, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На вежбата се приклучи уште еден воен авион од типот “Пилатус ПЦ9”, дел од словенечкото воено воздухопловство.

Оваа активност беше дел од таканаречаната “NATO Air Policing”, каде што за безбедноста на воздушниот простор на помалите земји членки, кои немаат своја модерна воена авијација, се грижат поголемите, најчесто соседни НАТО-земји. Во конкретниот случај, за безбедноста за словенечкото небо е одговорна соседна Италија.

Треба да знаете
Последни објави