Турски дрон слета во северен Кипар

Турција испрати извиднички дрон во северниот дел на поделениот Кипар, во услови на тензии околу експлоатацијата на нафта и гас во водите кај Кипар.

Турската агенција „Анадолија“ јави дека дронот „Бајрактар ТБ2“ од турско производство полетал од воздушната база во Даламан и слетал на аеродромот во Гечиткала и Лефконико, според Грците.

Министерот за надворешни работи на кипарските Турци изјави вчера дека турските пратки ќе бидат ограничени на невооружени летала затоа што нема потреба за вооружени, пренесува АП.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу минатата недела рече дека Турција има право да спречи какво и да е неовластено дупчење во водите за кои тврди дека ѝ припаѓаат на Турција.

Треба да знаете
Последни објави