Генералниот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, најави изградба на нов стадион, кој ќе чини околу 200 милиони евра.Терзиќ објави дека студијата со целата документацијата се подготвуваат со месеци за да се изгради нов стадион. Тој прогнозира дека ќе бидат потребни две години за да се подготват планови, проекти и дозволи.
– Мораме да се прилагодиме на гледачите, затоа што веруваме дека новиот стадион ќе биде нова движечка сила за развојот на нашиот клуб. Очекувам да започне изградбата на нов стадион за две години. Преговараме со потенцијални инвеститори и се надевам дека сме на вистинскиот пат. Планираме капацитетот на стадионот да биде 42.000 гледачи и д ачини околу 200 милиони евра, изјави Терзиќ за веб-страницата на„ црвено-белите “.
Тој дополни дека за изградбата на стадионот сè е дискутирано со државниот врв и српската влада.