Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев при посета на САД, Вашингтон оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот.
На средбата Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелната политичко економска состојба во Македонија, како и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресретна на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.
Ѓорчев истакна дека приоритет на државата е пријателството и сојузништвото со САД, потенцирајќи дека токму затоа ќе се продолжи со развивање и соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите и дипломатијата.
-Исто така, разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД. Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Затоа, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите, дипломатијата и сите други области, вели тој.