Владата на САД тајно протерака двајца официјални претставници на кинеската Амбасада претходно оваа година по нивни упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк Тајмс”, повикувајќи се на неименувани извори.
Весникот наведува дека еден од двајцата кинески службеници се верува дека бил разузнавач кој работел во кинеската Амбасада.
Според весникот, кинеските службеници кои влегле во базата во Норфлок во Вирџинија оваа есен, запреле само кога противпожарни возила им го блокирале патот.
Во таа прилика, тие им рекле на стражарите дека се загубиле.